Академија Пандев: Поддршката од ФФМ и општина Струмица многу ни значи во намерите за развој на фудбалот

Фудбалската федерација на Македонија во соработка со УЕФА преку „Hat Trick III“ програмата за подобрување на фудбалска инфраструктура започна со изградба на терен со вештачка трева од најновите типови за ФК Академија Пандев. ФФМ претходно потпиша договор со Општина Струмица и ФК Академија Пандев за целосна изградба на терен со вештачка трева, како дел од фудбалскиот комплекс во градот Струмица.

По потпишувањето на договорот благодарност искажаа и од Академија Пандев кои нагласуваат дека оваа поддршка за подобрување на инфраструктурата дополнително значи за развој на младите фудбалски категории во тој регион.

„Благодарност до Фудбалска Репрезентација на Македонија што му оддава признание на искрените намери и огромниот влог што Горан Пандев го дава на македонскиот клубски и репрезентативен фудбал. Огромна благодарност и на Општина Струмица која го препозна и се вклучи како партнер за реализација на овој проект, се со цел развој на фудбалската инфраструктура во Струмица. Потпишаниот трипартитен договор помеѓу Академија Пандев, ФФМ и Општина Струмица значеше и почеток на изградбата на најмодерен терен со вештачка трева. Академија Пандев продолжува со посветена работа во младите категории и нивен развој се до сениори, а со тоа секако придобивки има и македонскиот фудбал во чии репрезентации имаме преку 20 активни репрезентативци во сите категории и Академија Пандев со убедливо најмлад сениорски тим во ПМФЛ оваа сезона“ – се вели во соопштението од Академија Пандев.

Се вчитува...