Александар Таневски си замина од Скопје

Новиот прволигаш Скопје остана без тренер, откако Александар Таневски се реши да го напушти кормилото на овој клуб. Таневски го предводеше клубот кон враќањето во прволигашката конкуренција.

Сега на тимот од Автокоманда му преостанува да најде нов тренер, кој ќе го води тимот во Првата лига, каде што целта ќе биде опстанокот.

„Некои одлуки во фудбалот се најтешки токму кога има почит и заеднички успех. Не си заминувам од ФК Скопје затоа што не го сакам клубот, играчите, навивачите и луѓето од населбата. Напротив — токму поради сè што поминавме заедно, оваа одлука ми е тешка. Заедно создадовме тим, атмосфера и успех на кој сите можеме да бидеме горди. Го вративме клубот таму каде што заслужува да биде — во Првата лига. Но понекогаш, колку и да сакаш нешто, мора да прифатиш дека некои приказни треба да завршат додека сè уште има достоинство, почит и убави спомени. Ви благодарам на играчите, стручниот штаб, навивачите и сите што беа дел од оваа сезона. ФК Скопје секогаш ќе има посебно место во моето срце“, напиша Таневски на социјалните мрежи.

Се вчитува...