Јирген Клоп постигна договор со Германскиот фудбалски сојуз за преземање на националниот тим, објавуваат германските медиуми. Се наведува дека Клоп потпишал договор кој ќе важи до крајот на Светското првенство во 2030 година. Со ова, еден од најуспешните германски експерти во модерната ера ќе започне ново поглавје од својата богата тренерска кариера.
Клоп зад себе има импресивни резултати постигнати на клупско ниво, поради што со години е еден од најбараните тренери во светот. Неговото доаѓање на клупата на Германија беше предмет на многу шпекулации. Сега се отстранети сите дилеми, и тој ќе ја води Германија на ЕП 2028, како и на СП 2030 година.
Официјална потврда за соработката се очекува во наредниот период, иако водечките германски извори веќе објавија дека е постигнат договор.
Тој доаѓа на местото на Јулијан Нагелсман, кој си поднесе оставка по дебаклот на Германија на Светското првенство, во кое Бундестимот беше елиминиран од Парагвај во 1/16 финалето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
