Јамал самоуверен: Франција треба да се плаши од нас, веќе сме ги победувале

Шпанската фудбалска репрезентација се пласираше во полуфиналето на Светското првенство, откако ја победи Белгија со 2-1 во Лос Анџелес. Шпанија поведе во 30-тата минута преку Фабијан Руиз, но Белгија израмни пред полувремето. Во 41-вата минута, Шарл де Кетелаере со глава постигна гол за 1-1.

Кога се чинеше дека победникот ќе биде решен во продолжение, Шпанија постигна гол за полуфинале. По лошата реакција на белгискиот голман Ламенс, одбиената топка ја смести во мрежата Микел Мерино во 88-та минута за конечни 2:1.

Во борбата за финалето, Шпанија се соочува против Франција, што ќе биде трета средба меѓу овие две екипи на големо натпреварување во последните три години. Шпанците победија во претходните два дуели – во полуфиналето на Европското првенство 2024 и во Лигата на нации 2025.

Пред новиот дуел, младиот ас на Барселона, Ламине Јамал, беше самоуверен.

„Ако Франција треба да се плаши од некого, тогаш тоа сме ние. Ги победувавме и претходно. Ги победивме двапати. Искрено, мислам дека ние и тие сме двата најдобри тима на Светското првенство. Ќе видиме што ќе се случи, но не се плашиме од никого. Можеби изгледа дека не играме добро, но секој тим против нас се повлекува. Никој не игра отворено против нас, никој не се бори еден против друг. На крајот повторно победивме и тоа е најважно. Тука сме долго време и сакаме да останеме до финалето“, рече Јамал.

Се вчитува...