Академија Пандев убедливо поразена од бугарскиот Левски

Македонскиот фудбалски прволигаш доживеа убедлив пораз од бугарскиот Левски со 3-0 во третиот натпревар од подготовките за новата сезона во домашниот шампионат и конференциската лига.

Бугарите поведоа со 1-0 со голот на Роналдо Цезар уште во 6. минута. До крајот на првото полувреме веќе беше и 2-0, откако Бари стрелаше во 34. минута. Истиот фудбалер во 70. минута донесе водство од 3-0 за својот тим, додека конечните 3-1 ги постави Сашко Пандев во 82. минута.

Претходно, во првите два натпревари од подготовките струмичани загубија од Балкан со 6-1, а беа подобри од Черно Море со 2-1.

Се вчитува...