Академија Пандев верува во тренерот Таневски

Александар Таневски останува на тренерската позиција на Академија Пандев, потврдија од струмичкиот клуб. Таневски го одреди и својот тим од кој дел ќе бидат и  Ѓорѓе Стојчев, Ристо Ристов и Александар Стојанов, тренер на голмани Томи Пандев и кондиционен тренер Перо Костовски. Поранешниот тренер на Македонија Ѓорче Петров во месец март го презеде кормилот на Академија Пандев и во првиот меч успеа да обезбеди пласман во полуфиналето од Купот на Македонија.

Тој го водеше клубот и на два натпревари во домашниот шампиона пред прекинот на сезоната против Работнички и Ренова на кои забележа два порази. Таневски на клупата на струмичани го наследи Југослав Тренчовски. Почетокот на припремите за новата сезона се закажени за 1. јули.

Се вчитува...