Академија Пандев во недела заминува на подготовки во Турција

Струмичкиот второтлигаш, Академија Пандев деновиве се наоѓа во Дојран, на дел од зимските подготовки за вториот дел од сезоната, а завршната фаза од подготовките ќе ги направи во Анталија, Турција. Таму, екипата на Панче Стојанов ќе одигра неколку пријателски натпревари, а Првата лига е основната амбиција на тимот од Струмица.

„Поради лошите временски услови, голем дел од тренинзите ги направивме во сала, а деновиве се наоѓаме во Дојран, каде времето е подобро. Играчите работата напорно во изминатиот период и основна цел е да се пласираме во Првата лига. Во недела заминуваме за Анталија и не очекуваат натпревари против Вождовац, Карпати Лвов, Шахтјор Карагон, Јувентус Букурешт и уште еден тим од Грузија. Не планираме да направиме некакви големи играчки промени и ќе се служиме со деца од младинските школи на клубот“ – истакна Стојанов.

Од екипата си заминаа Филип Петковски и Симјановски Мирко, додека пак нови засилувања се некогашниот дефанзивец на Тетекс, Давид Атанасковски и Христијан Иванов.

Се вчитува...