Во заостанатиот натпревар од 20. коло, Академија ФМП стигна до 11. победа во сезоната откако славеше на гостински терен против ТФТ со 65-77. ‘Академиците’ одиграа одличен натпревар во одбраната во кој успеаја да го исконтролираат скокот и со тоа да ја сопрат играта во транзиција на домаќинот, ја пробија зоната на составот од Тафтачиџе во нападот, што беше доволно за заверување на последната карта која води во плејофот.
Двата тима се мачеа да го најдат напаѓачкиот ритам на отварањето на дуелот. Гостите се обидоа со висока петрока да направат предноста во рекетот, но не успеаја да ја пробијат зоната на домаќинот, додека на спротивната страна ТФТ најде пробив во рекетот на противникот. Со влегувањето на Стојановски избраниците на Петровиќ добија динамика во нападот, но и покрај тоа не успеаја да фатат ритам па по 10. минути игра на семафорот стоеа скромни 18-17. Почетокот на втората четвртина не донесе промени на паркетот, но веќе до полувремето иницијативата ја превземаа гостите. Агресивната одбрана на Академија ФМП успеа да го затвори пристапот во рекетот и да изнуди изгубени топки кои избраниците на Петровиќ ги користа на спротивната страна, а за разлика ТФТ, во редовите на “адакдемиците” проработе и шутот од далечина па на полувреме резултатот гласеше 30-41.
Добриот моментум на гостите продолжи и на отварањето на второто полувреме во кои преку добрата одбрана избраниците на Петровиќ заминаа и на +18 (33-51). Домашните кошаркари на момент ги консолидираа своите редови, избраниците на Смилковски го исконтролираа скокот и со играта во транзиција ја намалија високата негатива, но не успеаја да ја пренесат добрата игра до крајот на третата четвртина. Гостите од Кисела Вода возвратија преку Крстајиќ, ја зацврстија одбраната па пред последните десет минути стигнаа и до највисоката предност (42-62). Последната четвртина беше само формалност во која гостинскиот состав не дозволи да ј испушти тешко стекнатата предност и со триумф го обезбеди своето место во разигрувањето за титула.
Во победничкиот тим Крстајиќ беше извонреден со 34 поени и 10 скока, а Харис заврши со 10 поени. Кај ТФТ се издвои Митревски со 18 поени и пет скока.
Ова воедно беше и последен натпревар за Академија ФМП во регуларниот дел од сезоната, додека за ТФТ останува натпреварот против Гостивар кој директно ќе одлучува за петата позиција на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА