Ако Барса биде во финалето на ЛШ, Меси и Нејмар не ќе можат да играат?!

Замислете ја Барселона во финалето на Лигата на шампионите без Меси и без Нејмар! Ако Барса се пласира во годинешното финале во Лигата на шампионите во Кардиф, двете најголеми ѕвезди не ќе може да настапат во мечот за титулата, предупреди претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

Брегзит менува се, но фудбал се играше и во минатото и ќе се игра и во иднина. Многу е полесно откако луѓето можат да се движат слободно внатре во Европската унија. Но, со одлуката за Брегзит на играчите и на фановите ќе им се отежне влезот во Англија“ –  вели Словенецот на чело на УЕФА во интервјуто за „Њујорк тајмс“.

Неодмана англиските власти не му дадоа виза на фудбалерот на ПСЖ, Серж Орие, за натпреаврот од 5.коло во А групата од ЛШ, против Арсенал. Причина  за ваквата одлука беше тоа што репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, во септември минатата година беше осуден на два месеци затвор поради напад на сообраќаен полицаец во Париз.

„Тоа беше многу разочарувачко. Работите ќе се влошат кога Брегзит во целост ќе заживее. Може да имаме сериозни проблеми посебно ако играчите, поради било каква судска постапка, не ќе можат да настапат таму. Тогаш едноставно ќе размислиме дали на Англија ќе и дадеме можност да биде домаќин на европски натпревари. Моментно се водат судски постапки против Нејмар и Лионел Меси. Годинава финалето на Лигата на шампионите се игра во Кардиф. Замислете да не им дозволат влез во земјата. Голем проблем ќе биде ако дојде до тоа играчите од Англија да можат да одат било каде, а оние од другите земји да не можат да влезат во Англија“ – истакнува Чеферин.

mesi

Се вчитува...