„Ако Куман ме избрка од Барселона, ќе се откажам од фудбалот!“

Капитенот на Барселона, Жерар Пике, уште еднаш ја потврди големата љубов и лојалност кон каталонскиот гигант, откако уште еднаш повтори дека нема намера да игра за ниту еден друг клуб до крајот на кариерата.

Шпанецот изјави дека ако тренерот Роналд Куман од него побара да си замине од „Камп Ноу“, тогаш тој ќе се пензионира.

„Куман ако ми каже дека морам да си одам, тогаш ќе ја завршам кариерата. Не сакам да играм за друг тим освен за Барселона“, изјави Пике.

Сопругот на популарната пејачка Шакира исто така потврди дека е подготвен да ја превземе улогата на претседател на клубот.

„Отсекогаш сум велел дека таа функција ме возбудува. Овој клуб е мојот живот, но сѐ уште се чувствувам како фудбалер, ќе видиме што ќе се случи кога ќе одам во пензија“.

Пике во Барселона мина 13 години, одигра 566 меча и постигна 49 гола, откако на на 17 години замина во Манчестер Јунајтед, каде се задржа четири години. Кратко играше за Сарагоса на позајмица, по што во 2008 година стана член на Барселона.

Се вчитува...