Ако Лапорта стане претседател на Барса, тренер на Меси и компанија ќе биде Артета

Кандидатот за претседател Жоан Лапорта вели дека, во случај да стане прв човек на Барселона, ќе го донесе сегашниот менаџер на Арсенал, Микел Артета, на тренерска позиција. На денот кога поранешниот претседател Бартомеу е во притвор во Барселона, се шпекулира за тоа како ќе изгледа клубот по изборите.

Главни кандидати за претседател се Жоан Лапорта и Виктор Фонт, па и двајцата имаат различни идеи како да се води клубот. Лапорта, кој ја водеше Барселона помеѓу 2003 и 2010 година, има желба Микел Артета да го замени Роналд Куман.

Артета, кој во моментов е на клупата на Арсенал со не толку добар успех, беше претходно во Барселона. Микел помина пет години во клубот, иако никогаш не успеа да се наметне за тренер на првиот тим. Она што е негова предност е тоа што имаше шанса да го научи „занаетот“ од поранешниот тренер на Барселона, Пеп Гвардиола. Соработуваа во Манчестер сити, од каде Артета се пресели во Арсенал и започна самостојна тренерска кариера. Микел е во одлични пријателски односи со Жоан, па поради ваквата релација, шпанските медиуми ја најавуваат оваа можна идна соработка.

Се вчитува...