Лионел Меси се уште нема донесено одлука дали ќе остане во Барселона на крајот од сезоната или ќе бара нов клуб. Меси сакаше да ја напушти Барса минатото лето, но клубот не го раскина неговиот договор. Сепак, договорот на Меси истекува ова лето и тој ќе може да го напушти каталонскиот клуб како слободен играч.
Аргентинецот се поврзува со многу европски великани, па дури имаше и шпекулации дека би можел да ја продолжи кариерата во САД. Интересен коментар за ова даде играчот на Далас, Франко Jара, кој рече дека би бил многу воодушевен доколку Меси реши да ја продолжи кариерата во американскиот МЛС.
“Ако Меси дојде во МЛС, ќе ги бакнам неговите нозе. Тој ќе нè уништи”, рече Јара.
How many goals would Messi score in MLS? ? pic.twitter.com/JqsV7ZRkWd
— ESPN FC (@ESPNFC) February 26, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА