Манчестер Јунајтед забележа нова, убедлива победа од 4-1 против Бормут во летната серија на Пермиерлигата која се одржува во Соединетите американски држави. За „црвените ѓаволи“ тоа е втора во натпреварувањето од три можни натпревари, па со оглед и на останатите резултати тимот предводен од Рубен Аморим ќе се закити со трофеј.
Хојлунд го отвори натпреварот со гол во 8. минута, а во 25. минута водство од 2-0 донесе Доргу. Манчестер Јунајтед поведе со 3-0 во 53. минута благодарение на Диало, а во 72. минута мрежата ја затресе и Вилијамс. Утешниот гол за Бормут беше автоголот на Мегваер во 88. минута.
2️⃣ wins in 2️⃣ at the #PLSummerSeries 🙌
— Manchester United (@ManUtd) July 31, 2025
Победа запиша и Вест Хем Јунајтед кој славеше против Евертон со 2-1 и тоа по целосен пресврт режиран од стана на Лукас Пакета.
Откако во 17. минута Гаје донесе предност за Евертон од 0-1, Бразилецот постигна гол за изедначување во 41. минута, а во 64. минута и асистираше до Фулкруг за целосниот пресврт.
A win in the Windy City ⚒ pic.twitter.com/WkzjSmhUJl
— West Ham United (@WestHam) July 31, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

