Ако сакаш титули, замини си од Интер и ќе освоиш

Калчолигашот ги купуваше само најдобрите фудбалери кон крајот на минатиот век, дури два пати го соборија рекордот со Роналдо и со Виери, но кога станува збор околу продажба, речиси сите играчи си ги преродуваа кариерите токму по заминување од Интер. Овие одлуки го направија Интер клуб со најлоша трансфер политика.

Матијас Самер потпиша за „нероаѕурите“ во 1992 од Штутгарт, одигра 11 натпревари каде постигна четири гола, а замина по само шест месеци во Дортмунд. Три години подоцна, Самер освои ЕП со Германија, а со тоа и Златната топка, а во 1997 година ја освои и Лигата на шампиони со Дортмунд.

Денис Беркамп требаше да биде големо засилување за Интер во 1993 година, кога од Ајакс се пресели на „Џузепе Меаца“. Сепак по две години беше продаден на Арсенал, а таму Беркамп стана легенда. Три пати ја освои Премиер лигата, четири пати го подигна трофејот на ФА купот. Доби и споменик пред „Емирати“ стадионот.

Кариерата на Роберто Карлос во Интер траеше само една година. Бразилецот не можеше да најде решение со тогашниот тренер, Рој Хоџсон кој инсистираше Карлос да игра лево крило, додека неговата природна позиција беше лев бек. По долгата нерешена расправија, Карлос направи трансфер во Реал Мадрид, а таму направи колекција од трофеи. Четири пари шампион на Шпанија, три пати шампион на Европа, а со Бразил во 2002 го освои и Светското Првенство.

Андреа Пирло го смени дресот, но не и градот. На 22 години потпиша за Милан, каде два пати ја освои Лигата на Шампиони, а пет пати беше шампион на Италија, но само еднаш со Милан, останатите четири се со Јувантус.

Кларенс Сидорф во Интер пристигна како двократен европски првак, откако претходно освојуваше со Ајакс и Реал Мадрид.  По само една година, Интер го даде и вториот играч на Милан со кој го направија доминантното трио од среден ред. Уште во првата сезона, Сидорф повторно стана европски првак и е сметан за еден од најдобрите фудбалери во историјата на Милан.

Леонардо Бонучи во 2009 не им значеше ништо на Интер, па на 22 години го продадоа во Бари за 3 милиони евра. По само една сезона, Јувентус исплати 15 милиони евра за Бонучи, а сега италијанецот е столбот на одбараната на Јуве. Вредноста на маркетот е 50 милиони евра, а според шпекулациите „старата дама“ може да го продаде летово во некој од клубовите Челси, Барселона или Манчестер сити.

Се вчитува...