Фудбалската репрезентација на Македонија, доколку успее да се пласира на ЕВРО 2020 преку баражот во Лигата на нации, ќе игра во група со Холандија, Украина и со Австрија. Вака одреди ждребот што се одржа вечерва во Букурешт. Сепак, претходно избраниците на селекторот Игор Ангеловски ќе треба да го добијат полуфиналниот дуел против Косово во Скопје на 26 март, а потоа и финалето против победникот од мечот Грузија – Белорусија, и тоа на гостински терен.
Италија и Турција ќе го отворат Европското првенство на 8.јуни на „Олимпико“ во Рим.
Одредени се групите за Европското првенство кое ќе се држи следната година. Посебно интересна е групата Ф, каде се најдоа Германија, Франција, Португалија и победникот од плејофот во баражот А од Лигата на нации. А таму може да се најде Македонија, доколку Романија успее да избори пласман преку плејофот во Лигата на нации. Тогаш Романците ќе играат во групата Ц, а Македонија во групата Ф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА