Акраповиќ: Фудбалот се игра за голови, без реализација нема победа

Шкендија продолжува без постигнат погодок и на стартот од сезоната во Првата македонска фудбалска лига, по оние разочарувачки изданија на европската сцена ова лето.

Новиот тренер Бруно Акраповиќ ја потенцира нереализацијата како најголем проблем на овој тим на Шкендија и по ремито без голови на гостувањето против Тиквеш.

„Мора да поработиме на реализацијата. Јасно е дека фудбалот се игра за голови, а ние против Тиквеш се изнапромашувавме. Не е дозволиво да се креираат 100% шанси а да не се реализираат. Имаме навистина почит кон секого и кон секој тим, но мора да поработиме на делот на постигнување голови“ –  изјави Акраповиќ по вчерашниот дуел со Тиквеш.

Се вчитува...