Акраповиќ: Комбинаторната игра и поседот на топка секогаш носат голови

Шефот на стручниот штаб на Шкендија, Бруно Акраповиќ конечно може да биде задоволен од изданието на својот тим и убедливата победа од 4-0 против Македонија ЃП во 4. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Тетовци по три дуели без победа конечно се вратија на триумфите, на најдобар можен начин.

„Секако може да бидеме задоволни од победата, иако остануваат уште серија нешта за корекција. Но, играта со комбинации во средниот ред и посед на топката секогаш ќе носи голови на тимот. Го покажавме тоа на претходниот натпревар на гостинскиот терен, а исто така и на овој меч со Македонија ЃП“ – истакна по вчерашната победа Акраповиќ.

Се вчитува...