Акраповиќ: Сосема заслужена победа против Скопје

Актуелниот шампион Шкендија славеше на гостувањето кај Скопје во Автокоманда со 0-2 во седмото коло во ПМФЛ. Тренерот на тетовци, Бруно Акраповиќ вели дека триумфот е заслужен.

„Момците заслужено го победија натпреварот против Скопје, доминиравме во текот на сите 90 минути. Дадовме два гола, можевме и повеќе со оглед на шансите, а ова треба уште повеќе да ја зголеми самодовербата кај момците. Противникот играше на долги топки и не направи речиси ништо, а дефанзивата кај нас функционираше одлично“, изјави тренерот Бруно Акраповиќ.

Шкендија во следното коло ќе и гостува на Струга Трим и Лум.

 

Се вчитува...