Ал Ахли ќе има повеќе играчи на СП од Ливерпул!

На неколку недели пред почетокот на главниот спортски настан оваа година, Светското фудбалско првенство во Русија, веќе се познати составите на сите учесници. Вообичаено се бројат екипите кои од своите редови даваат најмногу репрезентативци што ќе играат на Мундијалот.

Прв на листата со најмногу фудбалери на СП во Русија, е Манчестер сити. Од составот на „граѓаните“ дури 17 играчи ќе играат за своите репрезентации во Русија. Зад Манчестер сити е Реал Мадрид со 16 фудбалери на Мундијалот. А, по нив следуваат Барселона со 14, Челси со 13, ПСЖ и Тотенхем со по 12, Манчестер јунајтед и Баерн Минхен со по 11…

Она што е интересно како податок е дека египетскиот Ал Ахли и Ал Ахли од Саудиска Арабија ќе имаат по осум играчи, односно еден повеќе од финалистот во ЛШ, Ливерпул. За разлика од другите големи европски клубови, на оваа листа во долниот дел е и Арсенал кој исто како и Ливерпул ќе има седум свои играчи на СП.

Светското превенство во Русија ќе се одржи од 14 јуни до 15 јули.

Се вчитува...