Ал Хилал продолжува со големи планови во преодниот рок, а новата голема цел на саудискиот гигант е напаѓачот на Пари Сен Жермен, Усман Дембеле. Според информациите на новинарот Саша Таволиери, Ал Хилал веќе ги започнал првите разговори со претставниците на францускиот репрезентативец, кого го гледа како приоритетно засилување за продолжението на летниот преоден рок.
По ангажирањето на Крисенсио Самервил од Вест Хем, клубот од Ријад сака дополнително да ја засили офанзивната линија со доведување на играчот кој е во конкуренција за „Златната топка“.
Сепак, задачата нема да биде воопшто лесна. Пари Сен Жермен нема намера да се откаже од еден од своите најважни играчи. Дембеле целосно се етаблираше како лидер на тимот на Луис Енрике и е еден од клучните играчи на актуелниот француски шампион.
Францускиот клуб, според истите извори, сака да го задржи 28-годишниот напаѓач во Париз и веќе подготвува нов договор со кој дополнително би се зацврстил неговиот статус во тимот.
Преговорите се уште се во почетна фаза, но останува да се види дали Ал Хилал ќе успее да ги убеди и играчот и Пари Сен Жермен да се согласат на еден од најголемите трансфери ова лето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
