Ал Калеј најде лек за Кузмановски и го победи Кувајт Спорт

Филип Кузмановски со својот тим Кувајт Спорт клуб го претрпе првиот пораз на шампионатот на Азија откако го загуби денешниот меч со Ал Калеј со 31-34.

Токму македонскиот капитен беше во главна улога во победите над Ал Наџма и над Ал Араби во првите две рунди, но Кузмановски беше неутрализиран од противничката одбрана, што се покажа клучен фактор за Ал Калеј да стигне до посакуваниот триумф.

Македонскиот „бомбардер“ го заврши натпреварот со два погодоци, но нема сомнеж дека Кузмановски ќе остане главен адут на Кувајт спорт клуб до крајот на ова големо натпреварување.

Се вчитува...