Германскиот фудбалер Тони Крос, во слободно време води сопствен подкаст со неговиот брат Феликс, а најнов соговорник му беше Давид Алаба.
Двајцата сега се дел од Реал Мадрид, а зборуваа за методите со кои Баерн Минхен ги првивлекува младите играчи да потпишат со нив.
„Имав 15 години и имав прилика да потпишам професионален договор. Можев да одам во Англија од каде имав интересни понуди. Баерн Минхен беше најодлучен, не се откажуваше. Властите на клубот ме повикаа да се уверам дека се заинтересирани. Вернер Керн (тогашен директор на фудбалската академија) го контактираше мојот татко, заминавме во Минхен, и нѐ зема од аеродром и нѐ однесе во клубот. Веднаш се воодушевив, и веќе знаев каде сакам да одам“, рече Алаба.
Истото искуство го подели и Крос.
„Истиот трик и кај мене. Керн исто така нѐ зема од аеродромот заедно со мојата фамилија. Нe смести во супер хотел, а потоа нѐ повикаа на натпревар од Лигата на шампионите. Не можев да ги одбијам“, рече Крос кој на 16 години потпиша за Баерн од тимот на Ханза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА