Алаба: На полувреме се договоривме да играме похрабро

ЕКИПА во Букурешт, 

Владимир Булатовиќ, Никола Станикевски, Роберт Спасовски

Давид Алаба беше избран за „Ѕвезда на натпреварот“ кој неговата Австрија го доби против Македонија со 3-1. По натпреварот тој изјави дека клучнa била паузата меѓу двете полувремиња во која се договориле како да одиграат во вториот дел.

„Во првото полувреме немавме решение во офанзивната третина од играта. На паузата разговаравме за ова, се договоривме дека треба да играме похрабро и тоа даде резултат. Сметам дека заслужено победивме. Сега веќе мора да се фокусираме на следните натпревари, мислам дека можеме уште подобр“, изјави Алаба.

Австрија во второто коло ќе се сретне со Холандија, која синоќа со 3-2 беше подобра од Украина.

Се вчитува...