Алаба: Верувам дека Македонија ќе биде отскочна даска на Австрија за успех на ЕП

Првата ѕвезда на Австрија и новиот член на најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид, Давид Алаба посочи дека без одглед на слабата игра и реализација на Австрија во последните два контролни меча, тој и неговите соиграчи ќе проработат кога е најпотребно, на еврошампионатот во кој за противник ќе им биде Македонија.

Левиот бек, кој од поодамна игра како лев стопер и во Баерн, а и во австриската селекција, не го плаши воопшто лошата реализација, зашто Австрија и против Англија во поразот со 0-1 и вчера со Словачка во ремито без голови, создаде доволно шанси за гол.

„Ако ги погледнеме контролните натпревари, ние успеавме да направиме сѐ што требаше. Сакавме контрола на мечот, да бидеме супериорни, да создаваме шанси и единствена замерка е тоа што не ги реализиравме укажаните шанси. Првото полувреме со Словачка е генерално океј, второто уште подобро, кога направивме доволно шанси, но за жал ги пропуштивме. Јас сум убеден дека ќе проработиме на Европско, веќе на првиот меч верувам дека наша отскочна даска ќе биде селекцијата на Македонија“, заклучи Алаба.

Се вчитува...