Алаба влезе и веднаш даде еврогол, Реал со пресврт до триумф над Алмерија

Реал Мадрид победнички ја стартуваше одбраната на титулата во Ла Лига откако актуелниот првак славеше со 1-2 на гостувањето против Алмерија. Давид Алаба ја имаше улогата на херој, откако Австриецот влезе во игра во 74. минута, а само една минута подоцна со својот прв допир на топката постигна еврогол од слободен удар, победнички погодок за својот тим.

Дуелот почна изненадувачки за „кралевите“, кои се најдоа во негатива откако Рамазани им побегна на дефанзивците на Реал и го совлада Куртоа. Остатокот од полувремето мина во целосна доминација на Реал, но избраниците на Анчелоти не можеа да најдат начин да го совладаат феноменалниот Мартинез. Голманот на Алмерија ги одбрани првите 11 удари кои одеа во рамките на неговиот гол, но беше немоќен при дванаесеттиот, откако по интервенцијата по шутот на Винисиус топката преку Бензема дојде до Лукас Васкез, кој го израмни резултатот.

Пресвртот беше комплетиран во 75. минута, кога „резервистот“ Алаба веднаш остави свој печат на мечот, постигнувајќи еврогол од слободен удар,

Се вчитува...