Мартин Алаѓозовски е стратегот што ја доби довербата на раководството на Беласица да ги води струмичките „сино-бели“ во новата второлигашка сезона.
Неколку дена по официјализацијата на разделбата оа тренерот Стојанов, стручани денеска потврдија дека за нов шеф на стручниот штаб е именуван Алаѓозовски. Овој млад стручњак минатата сезона седеше на клупата на АП Брера, не успеа да го спаси овој тим од испаѓање по што се повлече од функцијата.
Алаѓозовски сепак останува дел од струмичката фудбалска сцена, отсега како шеф на стручниот штаб на Беласица.
„МАРТИН АЛАЃОЗОВСКИ НАЗНАЧЕН ЗА ШЕФ НА СТРУЧНИОТ ШТАБ НА НАШИОТ ТИМ‼️
Алаѓозовски во својата тренерска кариера работеше во младинските категории на АП Брера Струмица, каде освои повеќе шампионски титули и Куп трофеи. Во 2025 година беше назначен за шеф на стручниот штаб на AP Brera Strumica, со што го направи својот дебитантски чекор како тренер на сениорска прволигашка екипа. Паралелно е ангажиран и како помошник тренер во младинските репрезентации на Македонија. Познат е по офанзивниот стил на игра и работата со млади фудбалери.
Му посакуваме топло добредојде многу среќа и успеси во нашиот тим“, се вели во објавата на ФК Беласица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
