Аларм во ЛА Лејкерс: Казинс го повреди коленото

Ангажманот на ДеМаркус Казинс требаше да му даде на тимот на ЛА Лејкерс дополнителна моќ под обрачите, како дополнување на Ентони Дејвис. Сепак, екс-центарот на Голден Стејт сега им создава големи главоболки на „езерџиите“ откако беше обелоденето дека заработил незгодна повреда на коленото.

Казинс ги прекинал личните подготовки за сезоната поради болка во коленото, по што пристигнал во Лос Анџелес и врз него биле извршени детални прегледи. Во таборот на ЛА Лејкерс стравуваат дека може да стане збор за нова сериозна повреда, откако Казинс пред две сезони ја скина тетивата додека настапуваше за „пеликаните“, а лани цела сезона се мачеше со повреди во дресот на „воините“ на Стив Кер.

Одличниот центар потпиша договор на една сезона со „езерџиите“ од Лос Анџелес за плата од скромни 3,5 милиони долари, со надеж дека ќе се докаже и потоа ќе добие далеку побогат договор. Сепак, за тоа да се случи најпрвин ќе треба да остане здрав за да може да ги покаже своите квалитети.

Се вчитува...