Алба ја спаси Барса од пораз во Валенсија… (видео)

Барселона се извлече од пораз на гостувањето против Валенсија во 13. коло од Примера ремизирајќи (1-1) на „Местаља“.

Каталонците до бодот стигнаа благодарение на голот на Жорди Алба во 82. минута, откако претходно Родриго ги донесе домашните до водство во 60. минута.

Со ова реми, Барселона (35 бода) и натаму остана на лидерската позиција во Шпанија со четири бода предност во однос на второпласираната Валенсија. На делба на третата позиција се Атлетико Мадрид и Реал Мадрид со по 27 бода.

Се вчитува...