Алба револтиран од Барселона: Повеќе ништо не ме изненадува

Јорди Алба по десет години поминати на „Камп Ноу“ на крајот на летниот преоден рок беше блиску до заминување од Барселона и преселба во Интер откако раководството на каталонскиот клуб договори трансфер, потег кој не само што ги изненади навивачите, туку и самиот играч.

Односите на 33-годишникот со Барселона се нарушени веќе подолго време, а играчот кој се откажа од дел од платата за доброто на клубот сега проговоре на темата, велејќи дека повеќе ништо не го изненадува во светот на фудбалот.

„Без разлика дали тоа е чесен потег или не станува збор за цела ситуација. Јас сум човек кој сака да ја каже вистината во лице и така сакам да се однесуваат луѓето со мене. Немам што да додадам и покрај тоа што сакам да кажам нешто повеќе. Мене повеќе ништо не ме изненадува во светот на фудбалот“, вели Алба.

Се вчитува...