Јувентус е заинтересиран за албанскиот репрезентативец Армандо Броја. Како што пренесуваат италијанските медиуми, тимот од Торино сериозно ја разгледува можноста да го привлече играчот на Челси, како замена за Аркадиуш Милик.
„Бјанконерите“ се решија да го стават Полјакот на трансфер листа, во обид да го подмладат својот тим, но исто така да ги намалат и платите.
Броја не е дел од плановите на Енцо Мареска во новата сезона на Челси, и затоа најверојатно ќе го продаде. „Сините“ сигурно ќе се согласат на позајмица, меѓутоа Јувентус сака откуп со пермаментен договор, или позајмица со право на откуп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА