Албанецот кој ќе го памети засекогаш дуелот меѓу Реал и Сити е скопјанец (ФОТО)

Реал Мадрид синоќа приреди спектакуларен пресврт со кој успеа да се врати во мечот со Манчестер Сити, за да на крајот обезбеди и билет за големото финале во Лигата на шампионите, каде последна пречка на „кралевите“ до големата тиула ќе биде Ливерпул.

Овој двобој се решаваше на продолженија, кога на спортската јавност и го привлече вниманието еден навивач кога втрча на теренот со албанско знаме, по што го прегрна Карим Бензема пред да го фатат лицата од обезбедувањето.

Албанските медиуми во Македонија откриваат дека човекот кој втрчал на стадионот е Агими роден во Скопје, а живее и работи во Франкфурт, Германија.

 

Се вчитува...