Албанија на крилјата на поранешните македонски надежи ја „здроби“ Чешка, Турција и се одмазди на Хрватска, победа за Шпанците!

Репрезентацијата на Албанија веќе е пред обезбедување учество на Европското првенство 2024 откако во 6. коло од квалификациите во Групата Е ја демолираше Чешка на свој терен победувајќи со 3-0.

Албанците на крилјата на поранешните македонски младински репрезентативци Јасир Асани и Таулант Сефери дојде до триумфот кој веќе ги води кон ЕВРО 2024 ако се знае дека сега се зацврстија убедливо на врвот во групата, а во последните две кола ги очекуваат натпреварите со најслабите две селекции во групата Молдавија и Фарските острови.

Јасир Асани уште во 9. минута  го отвори резултатот за водство од 1-0, а потоа во 51. и во 73. минута следеа два гола на Сефери за конечни 3-0.

Во оваа група Полска очекувано славеше со 0-2 на гостувањето против Фарските острови, па сега Полјаците се поблиску до водечките две позиции во групата, пред Чешка.

Во Групата Д, Турција ја шокираше Хрватска во Осијек победувајќи со 0-1 со голот на Јилмаз во 30. минута, реванширајќи им се на тој начин за поразот во Турција. Сепак, овие две селекции се најблиску до пласман на ЕП 2024 ако се знае дека Ерменија денеска киксираше на гостувањето против Летонија.

Во Групата А, Шпанија ја победи Шкотска со 2-0, па Шпанците се доближуваат бодовно до Шкотска.

Норвешка во оваа група очекувано со 0-4 славеше на гостувањето против Кипар.

Се вчитува...