Алборг го прегази Колштад во скандинавското дерби, ППД Загреб подобар од Пик Сегед

Ракометарите на Алборг го одиграа можеби најдобриот натпревар сезонава во Лигата на шампионите, откако вечерва во скандинавското дерби славеа на гостувањето кај Колштад со 18-29.

Гостите уште во првото полувреме покажаа менталитет, па на пауза заминаа со плуст пет (9-14). Во второто полувреме разликата само се зголемуваше за конечни 18-29. Хангард со шест гола беше најдобар поединец кај победникот, додека кај поразените Сандер Сагосен постигна за него скромни четири гола.

ППД Загреб исто така стигна до лесен триумф откако на домашен терен го преслуша Пик Сегед со 30-25. Поранешниот вардарец Иван Чупиќ со шест гола беше најпрецизен кај победникот, додека кај гостите од Унгарија Борут Мацковшек постигна пет.

Во последниот меч од програмата од 18.45 часот Висла Плоцк славеше на гостувањето кај Целје со 25-30.

Се вчитува...