Екипата на Тиквеш денеска и официјално ја засили својата екипа на голманската позиција со ангажманот на 24-годишниот чувар на мрежата, Марко Алчевски.
За поранешниот младински репрезентативец на Македонија ова претставува враќање на домашната сцена. Тој претходните неколку сезони ги помина градејќи интернационална кариера во редовите на ОФК Белград, како и во тимот на Ерусалим во Израел, каде што настапуваше минатата сезона.
Алчевски својата професионална кариера ја започна во тимот на Брера, а во македонскиот шампионат има настапувано и за екипата на Борец Велес. Зад себе има и богато репрезентативно искуство, со вкупно 17 официјални настапи за националната селекција на Македонија за фудбалери до 21 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
