Алегри донесе одлична вест за Јувентус

Масимилијано Алегри ги израдува навивачите на Јувентус најавувајќи дека Кристијано Роналдо ја добива трката со времето за да биде подготвен за првиот натпревар од Лигата на шампионите против Ајакс. Тренерот на Јуве долго време беше песимист околу шансите на Роналдо за настап во Амстердам, но напорната работа на португалскиот ас дефинитивно вроди со плод.

„Постојат добри сигнали. Кристијано работи напорно, работите одат во позитивна насока – голема е шансата тој да може да настапи веќе на првиот меч со Ајакс“ – изјави Алегри на денешната прес-конференција.

Роналдо со хет-трик на реваншот против Атлетико самиот го одведе Јувентус во четврт-финалето од ЛШ, па јасно е дека Португалецот ќе биде главен адут на „старата дама“ и во претстојниот двомеч со Ајакс.

Се вчитува...