Алегри: Доста со компјутери, фудбалерите се гледаат во нозе…

Масимилијано Алегри е без ангажман половина година, но екс-тренерот на Јувентус не брза со изборот на новиот клуб чекајќи го проектот што ќе го смета како идеален за продолжување на својата кариера. Сепак, тој не крие дека е разочаран од се поголемата застапеност на технологијата во спортот, пред се околу тренинг методите.

„Ми пречи што сите тренери користат компјутери за да ја утврдат фактичката состојба, што е тотално погрешно. Ако сакаш да видиш каков е фудбалерот, треба да го гледаш во низе, да гледаш како се движи. На пример, ако самиот видам дека играчот претрчал малку, на пример три километри, а пулсот му е забрзан, веднаш ќе утврдам дека не е во добра форма. Ако не го видам тоа со свои очи, а ги погледнам резултатите на мониторот, ќе се чини дека тоа бил тренинг со висок интензитет. Затоа и секогаш сум барал од моите асистенти да гледаат во нозете на фудбалерите, а не во компјутерите“ – вели Алегри.

Според трофејниот стратег, тренерската работа не е премногу тешка кога се имаат на располагање врвни фудбалери.

„Како топката да стигне до Роналдо, Дибала, Роналдињо, Сидорф или Пирло… Мое е само играчите да ги поставам за да додадат до големите асови, а кога топката ќе стигне до нив, како можам јас или некој друг да им каже што да прават со неа. Тие веќе знаат се, треба само да седиш и да уживаш гледајќи ги, бидејќи фудбалот со такви мајстори е вистинска уметност. А во Италија се зборува само за тактика, шеми, формации. Реалноста е дека треба да им обезбедиш на најдобрите играчи услови да го дадат својот максимум, со самото тоа тие ќе ви го донесат резултатот што го посакуванте“ – истакнува Масимилијано Алегри.

Се вчитува...