Алегри: Дуелот со Јанг Бојс ни е поважен од дербито со Интер

Масимилијано Алегри ја крена тензијата во пресрет на утрешниот дерби дуел меѓу Јувентус откако изјави дека пресметката со „нероаѕурите“ не е многу важен натпревар за неговиот тим.

„Најважен меч? Искрено кажано за мене поважно е да победиме против Јанг бојс во Лигата на шампионите. Секако, сакаме да славиме и против Интер, но тоа е меч од првенството каде титулата се освојува во мај. Имаме предност во однос на ривалите, но јасно ни е и дека има уште многу да се игра без разлика дали ќе победиме или не со Интер. Дуелите со „нероаѕурите“ секогаш се важни од емотивен и од тактичи аспект, против себе ќе имаме ривал полн со самодоверба, кој заедно со Наполи ни е главен ривал за титулата“ – истакна Алегри.

Дибала најверојатно ќе добие предност во однос на Коста и Бернардески како трет член на напаѓачкото трио на „старата дама“, крај Роналдо и Манџукиќ. Добра вест за Јуве е и враќањето на Емре Џан, но Германецот ќе треба да се бори за место во стартниот тим по одличните игри што на последните средби ги покажуваше Бентанкур.

Се вчитува...