Алегри им порача на критичарите: „П.шете го“!?

Се понагласени се шпекулациите за заминувањето на Масимилијано Алегри од клупата на Јувентус. Навивачите се лути посебно по поразот од Атлетико Мадрид (2-0) во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите. Доколку се случи елиминација од ЛШ тогаш неизвесно е дали Алегри ќе го дочека и крајот на сезоната во Јувентус.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Алегри сакал да поднесе оставка уште пред неделниот дерби натпревар против Наполи на кој Јувентус славеше со 1-2. Во разговор со раководството на „Старата дама“, Алегри соопштил дека не може и не сака повеќе да се бори со случувањата надвор од теренот.

Алегри најмногу го „болат“ постојаните критики кон него од страна на навивачите на социјалните мрежи поради што се одлучи да ги избрише својот Твитер и Инстаграм профил. Но, сите се шокираа во текот на вчерашниот ден кога се одлучи да се врати на кратко.

Ја шокираше целокупната фудбалска јавност во Италија со одлуката преку Твитер да им одговори на критичарите, притоа само кратко пишувајќи: „П.шете го“, и после неколку минути повторно го избриша Твитер профилот. Чудно однесување на стратегот на италијанскиот шампион!

Се вчитува...