Алегри: Кој не примил гол против Барса на два натпревари?

Јувентус ја елиминира Барселона во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а тренерот Масимилијано Алегри, како италијански стратег, е најзадоволен што неговиот тим успеа да не прими гол на „Камп Ноу“. Тој вели дека тоа го покажува квалитетот на „старата дама“.

„Одигравме одлично во дефанзивниот дел на овој натпревар. Впрочем и на првиот меч во Торино. Кажете ми, кој друг тим може да се пофали дека не примил гол од Барселона во два натпревари. Задоволен сум од дефанзивата, а откако и Барѕалји влезе во игра, изгледаше како да можеме да играме уште цел ден и да не се тресе мрежата на Буфон. Но, не сум задоволен од играта во нападот. Пропуштивме да одиграме многу подобро во неколку ситуации кога имавме противнапади и отворен простор кон противничкиот гол. Сега треба уште повеќе да работиме и не само да ја задржиме, туку и да ја подобриме формата пред полуфиналните дуели во Лигата на шампионите. Останува завршниот чекор пред големото финале и таму треба да бидеме најдобри“, изјави Масимилијано Алегри по пласманот на Јувентус меѓу четирите најдобри екипи на Стариот континент.

Се вчитува...