Алегри: Кој сака спектакл, нека оди во циркус… Јуве игра за да победува

Јувентус рутински го совлада Киево со 2-0 на домашен терен, но дел од медиумите го нападнаа тренерот Масимилијано Алегри, истакнувајќи дека „старата дама“ не игра спектакуларен фудбал. Сепак, стратегот го пронајде можеби вистинскиот одговор.

„Јувентус игра за да победува. Спектакуларно? Јас кога сакам да гледам спектакл, одам во циркус. А во фудбалот е најважно да ги освоиш бодовите. А ние тоа го правиме и се наоѓаме на првото место. Во фудбалот треба да знаеш и да напаѓач и да се брани, и тоа подеднакво добро. Балансот меѓу овие две стратегии, е најдобриот микс. Мислам дека токму така игра Јувентус“, истакна Масимилијано Алегри.

Веќе во вторник во Торино доаѓа Барселона, во првиот четвртфинален меч од Лигата на шампионите. Каталонскиот тим синоќа загуби од Малага со 2-0 во шпанското првенство.

„Кога ги имате пред себе Лео Меси, Луис Суарез, Нејмар и Андреа Иниеста, тогаш тоа е тим што мора максимално да се респектира. Но, ние сме подготвени. Ќе играме дома и ќе напаѓаме за да победиме и ќе се браниме кога тоа ќе биде неопходно“, истакна Алегри.

Се вчитува...