Алегри од отказ, до менаџер на месецот во Серија „А“

Менаџерот на Јувентус, Масимилијано Алегри ја освои наградата менаџер на месец ноември. Јувентус е во серија од шест победи по ред, без примен гол, и токму од тука Алегри го доби ова признание.

Инаку пред месец и пол, Алегри беше пред отказ од Јувентус поради катастрофалните резултати во Серија „А“ и елиминацијата од Лигата на шампионите.

Сега откако Јувентус повторно е во битката за врвот на Серија „А“, Алегри е сигурен дека останува, иако титулата за тимот од Торино е сега далеку, со оглед дека Наполи избега многу на првата позиција на табелата.

Се вчитува...