Алегри откри уште колку време ќе остане во Јувентус!?

Актуелниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри се врати на менаџерската позиција изминатово лето иако имаше понуда да го преземе Реал Мадрид, чекор кој ја подели италијанската јавност поради начинот на кој претходно се раздели со клубот.

Многумина сметаа дека Макс ќе направи нов чекор во кариерата и ќе се одлучи за интернационален предизвик, но откако се ослободи местото на Пирло, Алегри воопшто не размислуваше и дури го одби големиот Реал Мадрид за да се врати во Торино.

Првата сезона во втората етапа не е воопшто лесна за него и дел од тифозите дури почнаа и да го губат трпението со него по ремито со Болоња, па дури и почнаа да бараат негово заминување. Веројатноста да се случи такво нешто е еднаква на нула, а тоа го посочи и самиот Алегри откако тимот вчера се пласираше во големото финале на италијанскиот Куп, победувајќи ја Фиорентина и на домашен терен со 2:0.

„Дали се гледам во Јувентус наредната сезона? Се гледам во Јувентус во наредните три! Кога го велам ова, мислам на тоа дека ќе си поставиме придизвици, Јувентус мора секогаш да победува. Ме налути тоа што го загубивме двомечот со Интер, такви работи решаваат титули. Ме лути тоа што оваа сезона не сме во битката за титулата, но од тоа треба да научиме и не натера да бидеме подобри догодина, – изјави Алегри.

Се вчитува...