Алегри: Ова беше најдобра партија на Влаховиќ

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри го пофали Душан Влаховиќ за одличната партија во победата од 2-0 над Специја.

Исто како и на натпреварот со Рома (1-1), Влаховиќ постигна прекрасен гол од слободен удар, но тоа не е единствената причина за пофалбите на тренерот.

„Мислам дека ова беше еден од најдобрите натпревари на Душан. Покрај извонредниот гол, тој веќе се подобри и во начинот на примање на топката – ја прима топката се по’чисто’ и се’ подобро се разбира со соиграчите, но и целосно е свесен дека мора да продолжи со сето тоа, како би се подобриле“, вели Алегри

Се вчитува...