Алегри се договорил со Арсенал?

Тренерот на италијанскиот првак Јувентус, Масимилијано Алегри, се договорил устмено со раководството на Арсенал за да се пресели на „Емирати“ и да го наследи Арсен Венгер на клупата на „топчиите“. Британските медиуми информираат дека Алегри се согласил на двегодишна соработка, а раководството на „топчиите“ веќе нема намера да го чека изјаснувањето на Венгер, на кого претходно исто така му беше понудена можност за двегодишна соработка. Сепак, поради слабите резултати во изминатите два месеци, фановите на Арсенал бараат Венгер да си замине од кормилото на клубот каде е веќе две децении.

Челниците на Арсенал веќе работат и на дел од евентуалните засилувања што ги препорачал Алегри за летниот преоден рок. Секако, официјална потврда за ова нема да следи до завршувањето на сезоната. Алегри со Јувентус е на прагот да ја одбрани шампионската титула во Серија А, а има големи амбиции и во Лигата на шампионите. Арсенал ќе се бори за пласман во Лигата на шампионите, што е и приоритетна цел на клубот.

Се вчитува...