„Алегри треба биде избркан, потроши 100 милиони евра, а ќе заврши како четврти“

Поранешниот италијански репрезентативец Антонио Касано, одново е во центарот на вниманието со своите изјави. Добро е познато дека Касано никого не штеди со своите критики, па сега на неговата мета се најде Масимилијано Алегри, тренерот на Јувентус.

Касано смета дека Алегри би требало да добие отказ и Јуве да најде нов тренер, затоа што тимот нема игра, и покрај тоа што со Алегри во минатото освои многу титули.

„Кажуваат дека не можат да му дадат отказ поради тоа што заработува шест милиони евра годишно. Јас велат дека токму поради тоа треба. Во јануари потроши 100 милиони евра, а ќе заврши на четвртото место“, рече Касано.

Потоа се осврна кон Душан Влаховиќ…

„Влаховиќ ми станува мил, иако не го знам. Сирот тој. Во четири месеци даде шест гола за Јувентус. Во Фиорентина би дал 17, а неговиот ентузијазам паѓа. Се зборува дека средните играчи не му даваат топки. Неверојатно е шпиц како него кој е толку платен, да нема шут кон голот на три меча“, вели Касано.

Екс италијанскиот фудбалер соработуваше со Алегри во Милан, и смета дека тактикчкиот дел го одработуваше неговиот помошник Тасоти.

„Јувентус не знае да игра фудбал. Исто ќе се случи и следната сезона, иако ќе земат 4-5 играчи. Немаат игра, и тренерот не се развива. Би им дал време на Сари, Де Зерби, Пиоли, кои се развиваат, а зошто да му дадам некому уште една година кој ништо не направил“, заврши Касано.

Се вчитува...