Алегри: Влаховиќ ни донесе мир во играта, тој е одличен напаѓач

Јувентус денеска од 21 часот ќе се сретне со Вилјареал во реванш дуелот од осминафиналето во Лигата на Шампионите. „Старата дама“ на првиот меч се избори за реми, а денеска ќе мора да слави доколку сака да се најде во следната фаза од најсилното фудбалско натпреварување.

Со таа цел од првата минута ќе започне со новото засилување Душан Влаховиќ кој по пристигнувањето во Торино блеска во „црно-белиот“ дрес.

„Тимот е многу посмирен кога играме со Влаховиќ. Душан е одличен напаѓач, а и многу млад. Тој ќе игра со Вилјареал, а ќе видиме дали ќе игра и Мората. Со Влаховиќ се поклопија одлично и тоа се гледа на теренот“, изјави тренерот Масимилијано Алегри.

Се вчитува...