Алек Јончевски е позитивен на Covid-19

Шефот на стручниот штаб на Кожув, Алек Јончевски, е најнов позитивен случај на коронавирус во мак-баскетот. Токму почувствуваните симптоми на Covid-19 беа причина Јончевски да не го води тимот на последниот меч со Вардар, а се очекува младиот стратег да отсуствувa и на следните неколку натпревари од клупата на прволигашот од Гевгелија.

Кожув беше еден од најпогодените клубови од коронавирус кон крајот на годината кога станува збор за играчкиот кадар, а сега Covid-19 создава проблеми и во стручниот штаб.

„Првите симптоми ги почувствував на почетокот од викендот, поради што решив да се самоизолирам и затоа не го водев тимот против Вардар. За жал, направениот тест покажа дека сум позитивен на Covid-19, па сега ми претстои период на самоизолација. Верувам во моите кошаркари и очекувам веќе на следниот натпревар да се покажат во вистинско светло и да се вратат на победнички патеки“, изјави Јончевски за ЕКИПА.

Се вчитува...