Алекс Фергусон со емотивно простување од Жерар Улие

Ливерпул и Манчестер Јунајтед отсекогаш важеле за огромни ривали, но Алекс Фергусон и Жерар Улие развија силно пријателство за време на работата на францускиот стратег на чело на „црвените“ од „Енфилд роуд“, од 1998 до 2004 година.

Французинот денеска ја загуби најважната битка, откако беше објавено дека починал неколку дена по најновиот хируршки зафат врз него, а Сер Алекс со емотивна порака се прости од пријателот.

„Ова е тажен ден, загубивме голем џентлмен. Веста ме шокираше, тој се уште беше млад, со своите 73 години. Не е тајна дека Жерар ми стана добар пријател додека го водеше Ливерпул, останавме пријатели и потоа, по неговото заминување од клубот. Улие имаше неверојатно фудбалско знаење, собрано низ својата фантастична кариера. Кога и да се видевме на состаноците на УЕФА или на други настани, секогаш наоѓавме време за разговор бидејќи Жерар Улие секогаш беше одлично друштво. Многу ќе ми недостига“, истакна прославениот стратег на Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...