Лионел Меси продолжува со испишување на нови страници во мундијалската историја откако аргентинската суперѕвезда со синоќешниот триумф над Англија стигна до уште еден рекорд.
Имено, Меси ќе игра три мундијалски финалиња во својата кариера (2014, 2022, 2026), нешто што досега му има успеано само уште на еден фудбалер, бразилскиот десен бек Кафу, кој беше дел од големите финалиња на СП во 1994, 1998 и 2002 година.
Кафу има две победи во финалињата (1994 и 2002), заедно со поразот од домаќинот Франција во Париз во 1998 година.
Меси досега има една победа (пред четири години во Катар) и еден пораз (на СП 2014 од Германија на „Маракана“ во Рио), со можност со триумф в недела да се израмни со Бразилецот и во оваа категорија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
