Томас Тухел се најде на удар на јавноста поради катастрофалните дефанзивни измении со кои англискиот селектор се обиде со бункер да брани предност од 1-0 против Аргентина, но прими два гола и беше елиминиран во полуфиналето од СП 2026.
Очекувано, Германецот застана во своја одбрана, сметајќи дека измените не биле пресуден фактор за елиминацијата, а критиките од јавноста ги оцени како очекувани.
„Разочарани сме бидејќи бевме многу блиску, но откако го дадовме тој прв гол станавме премногу пасивни, им дозволивме на противниците на доминираат, немавме посед на топка, дозволивме толку ногу центаршути во нашиот шеснаесетник. Не гледам проблем во замените, се што направивме беше со цел да се полмогне на екипата. Тргнавме со пет во линија бидејќи дозволувавме премногу нафрлања, се создаваа празнини во нашите линии што се обидовме да ги пополниме. Имавме простор што можеше да биде искористен, но ние не добивме ниту еден дуел, не освоивме ниту една топка во тој период за да тргнеме во контранапад. Секако, оддговорноста е на тренерот секогаш кога работите не одат како што треба, но лесно е да се каже дека одлуката била погрешна. Јас не гледам на тоа на таков начин. Знам, постојат милион тренери кои по поразот ќе ти кажат што си требал да направиш, како да реагираш… Но, реалноста е сосема поинаква кога си на клупата во текот на натпреварите“, изјави Тухел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
